Музичката ѕвезда Драгана Мирковиќ наскоро ќе добие нова животна улога – ќе стане баба!
Марко Бијелиќ, синот на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ и неговата избраничка Мелани Димитријевиќ ќе станат родители.
Марко и убавата Мелани имаат прекрасен однос и стабилна врска, а нивните објави на социјалните мрежи привлекуваат големо внимание.
По тој повод се огласи и Драгана Мирковиќ.
„Денес сигурно сум најсреќната жена на светот бидејќи и официјално можам да потврдам дека ќе станам баба. Мелани, избраничката на мојот син Марко, на сите ни донесе неверојатна радост кога ни кажа дека е во блажена состојба.
Ви благодарам на сите за убавите желби и честитки и би сакала да ја искористам оваа прилика да кажам дека само ова ќе го кажам за оваа работа.
Бидејќи ниту еден од нив не се занимава со јавна работа, а бидејќи таа сега е во чувствителен период, пишувањето и зборувањето за ова ќе биде стресно за Мелани и затоа ги молам сите за разбирање и да не се занимаваат со дополнителни информации и шпекулации за нивниот живот.
Мојот син и неговата избраничка имаат желба и целосно право на секој начин да ја заштитат својата приватност и среќа, ќе ја почитувам нивната одлука, а ги молам и медиумите да го сторат тоа. Однапред ви благодарам“, потврди таа за „Блиц“.