logo
logo
logo

Слободните и фер избори се суштински темел на силна демократија, рече сенаторот Велч

Vecer | 24.04.2024

Слободните и фер избори се суштински темел на силна демократија, рече сенаторот Велч

Слободните и фер избори се суштински темел на силна демократија, рече демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч за претседателските избори во Македонија, пишува Гласот на Америка.

“Се надевам дека граѓаните го користат својот глас за да ја обезбедат иднината на Македонија преку зголемени економски можности и зајакнати врски со САД и Европа“, напиша сенаторот Велч на социјалната мрежа Х.

Тој ја сподели објавата на американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер, која напиша дека амбасадата го следи изборниот процес и одвивањето на демократијата.

Првичните нецелосни резултати од денешниот прв круг претседателски избори покажуваат голема предност на кандидатката на опозицијата Гордана Силјановска-Давкова пред актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски.

Податоците кои од избирачките места се собираат во Државната изборна комисија се дека Силјановска-Давкова води со два спрема еден пред Пендаровски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk