Алонсо го задржува Брахим Дијаз во Реал

Реал Мадрид е многу блиску да потпише нов договор со офанзивниот играч од средниот ред Брахим Дијаз со важност до 2030 година. Мароканскиот репрезентативец очекува да добие поголема улога во иднина по заминувањето на Лука Модриќ од клубот.

Наводно веќе има усмен договор, а се ќе биде официјализирано после Светското клупско првенство следниот месец. И самиот играч изразил задоволство од можноста да остане на „Сантијаго Бернабеу“ и во следните пет години.

Покрај Дијаз, Реал Мадрид наскоро ќе му понуди нов договор и на голманот Тибо Куртоа.

Се вчитува...