• недела, 01 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пленковиќ: Партнерството меѓу САД и ЕУ за течен природен гас е клучно за енергетската одржливост на Европа

Пленковиќ: Партнерството меѓу САД и ЕУ за течен природен гас е клучно за енергетската одржливост на Европа

Вашингтон, 8 мај 2025 (МИА) - Со оглед на амбицијата на Европа да ја намали зависноста од руските енергетски извори, соработката со САД е од клучно значење за градење одржлива енергетска архитектура во Европа, изјави денеска во Вашингтон хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, пренесува Хина.

- Партнерството меѓу САД и Европа во областа на течниот природен гас е доказ за заедничките напори за создавање одржливи синџири на снабдување, кои ќе можат да се справат со идни геополитички потреси, рече Пленковиќ на конференција организирана од невладината организација „LNG Allies“ на тема партнерство меѓу САД и Европа за течен природен гас.

Тој го посочи терминалот за течен природен гас на хрватскиот остров Крк како пример, опишувајќи го како „клучен во поширокиот контекст на европската енергетска безбедност“.

- Шеесет и пет проценти од течниот природен гас доставен до нашиот терминал, всушност, доаѓа од САД, додаде тој.

Пленковиќ нагласи дека, покрај инвестициите во пловечката станица за складирање и регасификација (FSRU), Хрватска издвоила 559 милиони евра за изградба на поширока мрежа на цевководи, кои во иднина би можеле да транспортираат и водород.

- Амбицијата на Хрватска е дополнително да ја нагласи својата улога како енергетски центар, бидејќи, покрај терминалот за течен природен гас, имаме и терминал за сурова нафта на островот и Јадранскиот нафтовод... Исто така, можеме да доставуваме доволно сурова нафта до рафинерии во Унгарија и Словачка, рече Пленковиќ, додавајќи дека тоа би можело да ја претвори Хрватска во „транзитна земја“.

Според него, тоа е „стратешки важно“, особено во контекст на намалување на зависноста од руските енергетски извори за земјите од Централна и Источна Европа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан