Израел извел нов бран напади врз Иран

Израел извел нови напади врз Иран во петокот навечер, и наводно уништил „огромен подземен нуклеарен објект“ и уби повеќе ирански воени команданти во најголемиот напад врз својот децениски противник досега во зори во петокот.

Портпаролот на израелските одбранбени сили изјави дека нападот бил насочен кон ирански нуклеарен објект во Исфахан. Во военото соопштение се додава дека операцијата продолжила и во Натанц, каде што претходно во петокот бил погоден и нуклеарен објект.

Израелската војска соопшти дека ги таргетира и иранските места за лансирање ракети и беспилотни летала.

Иранските медиуми објавија дека во делови од Техеран е активирана воздушна одбрана. Видеата споделени од иранските медиуми покажаа светли блесоци на небото, наводно во главниот град.

Во петокот, кога се стемни, иранските медиуми објавија експлозии во северните и јужните предградија на Техеран и во Фордо, во близина на светиот град Ком, другиот голем нуклеарен објект кој беше поштеден од првиот бран напади.

Станува збор за објекти вкопани длабоко во карпестите ирански пејзаж. Засега ниедна од страните не известува за некакви оштетувања на овие нуклеарни постројки за кои се сметаат дека се клучните во развојот на иранското нуклеарно оружје.

Воздушната одбрана беше активирана надц елиот Техеран, а експлозии можеа да се слушнат и во Исфахан.

Иран рече дека неговата одмазда ќе „ги отвори портите на пеколот“, додека Израел рече дека нападите се само почеток на операцијата „Rising Lion“.