logo
logo
logo

Македонско-австриски бизнис форум

Vecer | 30.03.2022

Македонско-австриски бизнис форум

Стопанската комора во соработка со Трговското одделение при Амбасадата на Австрија во Скопје на заедничка иницијатива денеска организираат Македонско-австриски бизнис-форум. Основната цел на Бизнис-форумот, како што информираа од Комората, е да се поттикне заедничката соработка меѓу реномираните австриски компании и македонските државни институции и компании, од областа на патната и железничката инфраструктура, со можност за видливи, применливи и практични решенија. Со цел интензивирање на економската соработка меѓу Северна Македонија и Австрија, на Форумот свое обраќање ќе имаат претставници од државните институции, кои ќе ги презентираат актуелните и идни проекти од патната и од железничката инфраструктура.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk