
Мицкоски: Ќе се примаат 300 професионални војници, сите млади луѓе што сакаат да се вклучат ги повикувам да се пријават
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 05 Март 2025

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планирани нови вработувања на професионални војници во АРМ, изјави:
„Апсолутно да. Планирано е објавување на оглас за прием на 300 професионални војници и ја користам еве оваа прилика, благодарам на прашањето, да ги повикам сите оние млади луѓе коишто сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем на државата, да се вклучат и се добредојдени. Ги повикувам сите граѓани, сите граѓани без разлика на етничката припадност, сите коишто сакаат да бидат вклучени во безбедносниот систем. И тука нема проценти, секој оној којшто ќе ги исполни условите, ќе биде примен. Сите буквално, сите оние коишто сакаат да учествуваат во одбраната на нивната татковина.“
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
