РФМ го исклучи Фруитленд Борец од Суперлигата

Плеј-аутот од Суперлигата продолжува без еден од учесниците, затоа што Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го исклучи Фруитленд Борец заради кршење на правилникот.

Тимот од Велес допатува кај Еурофарм Пелистер 2 со девет играчи, па заради тоа не беше одигран мечот во Купот на Македонија, затоа што правилникот налага да се има мининум 12 играчи.

Информацијата за исклучувањето на Фруитленд Борец од РФМ ја потврдија и на ждрепката за судии во претстојното коло во Суперлигата, од каде кажаа дека клубот е исклучен и не извлекоа судиски пар за нивниот дуел.

Сите преостанати мечеви на Фруитленд Борец ќе се регистрираат со службена победа на ривалите.

ФОТО: РК Фруитленд Борец / Facebook