Taжна вест: На 36 години почина поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед

По победата во драматичниот натпревар против Лион во четвтфиналето од Лигата на Европа, Манчестер јунајтед денеска објави и тажна вест.
На 36 години почина поранешниот фудбалер на овој клуб Џо Томпсон. Томпсон дресот на „црвените ѓаволи“ го носеше од најмали нозе се до 2005 година пред да стане професионаен фудбалер. Во 2013 година му беше дијагностициран Хочин лимфон, ретка форма на рак и веднаш мораше да ја започне терапијата за болеста.
Се најавуваше дека во 2014 година може да се врати на терените откако целосно го победи ракот, но во 2017 година болеста по вторпат му се врати, а и тогаш успеа да победи. За жал не успеа ја доби и третата битка откако му беше дијагностициран лимфом во четвта фаза минатата година.
По заминувањето од Манчестер јунајтед тој настапуваше за Рочдејл, Тренмер Роверс и Карлајл јунајтед. Откако принудно ја заврши кариерата работеше и како мотивациски говорник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…