Бизнис

Невронауката и неврална синхронизација во подобрување на лидерството во компаниите, предавање на светски познатиот д-р Николаос Димитриадис на тема „Невронаука за лидери: Како да се зголеми емпатијата, довербата и мотивацијата“, во организација на Едукативниот центар М6

Невронауката не е само тренд - таа е неопходност за лидерство. Започнувањето на  проекти базирани на невронаука можат да доведат до трансформација во организацијата, пред се преку подобрување на лидерските компетенции  и градење на  стил на лидерство кое ќе поттикнува подобра  синхронизација на вработените во одредена компанија. Ова се главните поенти од  предавањето на светски познатиот д-р Николаос Димитриадис на тема „Невронаука за лидери: Како да се зголеми емпатијата, довербата и мотивацијата“, кое се одржува  во организација на Едукативниот центар М6, во нивниот образовниот центар во Скопје.

На вчерашното предавање на коe присуствуваат стотина учесници од македонски фирми од различни области, Димитриадис говореша за значењето на невронауката зад ефективното лидерство, за значењето на синхронизацијата во градењето на лидерство и на здрава комуникација со вработените и продуктивна работна средина.

- Кога се прави евалуација на перформансите тоа е менаџмент, но да бидеш лидер е понеобјасниво. Тоа е повеќе комуникација и активност меѓу два мозоци. Затоа, сакам да зборувам за феноменот на моќта на човекот што се нарекува неврална синхронизација. Ако нашите мозоци се синхронизирани информацијата тече многу брзо и лесно меѓу двајца луѓе. Тоа значи полесно се разбираме меѓу себе. Ако станете наутро и сте нерасположени и ако го „споделувате“ со околината со која работите, тогаш не може да очекувате вашиот мозок да биде синхорнизиран со вашите колеги, вели Димитриадис.

Во своето излагање, тој даде повеќе практични примери и совети за воспоставување на подобра синхронизација на луѓето кога се наоѓаат во работната средина.

- Многу е важно кога ќе стигнеш на работа да ги поздравиш своите колеги. Ако не ги поздравиш колегите или тие не ти возвратат на поздравот, заборавете на синхронизацијата. Доколку некој колега сака да ти се обрати тогаш посветете му внимание и не го одбивајте за да го сослушате тоа што сака да го сподели со вас, советува  Димитриадис.

Подобрата синхронизација на мозоците на луѓето  се остварува во ист простор и кога  вработените можат „да се гледаат во очи“, а ова е посебно важно за работата која бара поголема креативност и иновација, но и кога е потребна поголема мотивација и инспирација и за решевање на важни проблеми во компанијата.  Важен фактор е во комуникацијата да се почуствува конструктивен тон на гласот, бидејќи луѓето се добри во препознавање на различна „острина“ на  гласот на соговорникот. Значи информацијата ја пренесува тонот на вашиот глас.  Кога збориме со некој  луѓето ги мерат  некои променливи и постојано следиме дали интеракцијата со некој е добра или лоша!

-  Една од овие променливи што ги мериме е во последователен разговор на двајцата соговорници. Спротивен е ефектот во комуникацијата кога зборува само еден.  Мора да има кохезија во разговорот од почеток до крај. Ако на еден состанок зборува само еден и на крајот од состанокот ги праша што мислат другите, тогаш нема ништо од синхронизацијата. Кога состанокот е отворен и се чуствуваат слободни да кажат нешто тогаш состанокот е најкреативен. Тоа се состаноци кога луѓето зборат со жар, вели  Димитриадис.

Затоа, како што советува тој потребно е работните  состаноци да претставуваат „безбеден простор“  без да има последици од тоа што ќе го каже поединецот, односно сите учесници да се чуствуваат слободни за да придонесат на состанокот.

- Но ако вработените се плашат да зборат од тоа како ќе бидат перцепирани од околината или се плашат за своето  унапредување, тогаш заборавете на синхронизација меѓу вработените. Неопходно е да се создава култура на разговор. Зошто, состаноците се толку стерилни и ригидни, механички, како што валат во Македонија? Мора да си создадете микро култура во фирмата наспроти општиот амбиент во земјата. Замислете да сте дел од компанија од 10, 100, 1.000 или 10.000  вработени во мултинационална компанија. Каква култура имате со колега од Сиетл! Тоа што е важно како лидер  е да креирате  микро културата меѓу себе. Предностите од синхронизацијата е што  го чуствуваме нашето внатрешно расположение и се разбираме меѓусебно,  тоа е емоционална емпатија. Второ вработените и тимот  комуницираат перфектно. Ако нешто се повторува неколку пати на тимот, а тие не разбираат, тоа значи дека вашите мозоци не се синхронизирани и не може да се разбереме и да се прифати  тоа што се кажува. Кога се синхронизираме учиме еден од друг, и си веруваме еден на друг. Така се чуствуваме како пријатели, а не само како колеги, вели Николаос Димитриадис.

Тој се осврна и на тоа што претставува лидерството, кое треба да овозможи полесно преминување на еден тим од едно место до друго, преку давање на насоки за учениците и за остварување на одредена цел која ќе има и значење за компанијата и за заедницата.

Денеска во М6 Едукативниот центар продолжува предавањата со нови учесници кои ќе говорат на теми за вештачката интелегенција и невромаркетингот во донесување на одлуки, за невромаркетингот и малопродажба, како и за емоционална интелигенција во лидерството.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано