Press "Enter" to skip to content

Вечерва “саатот“ во зелено-бела боја, утре голема прослава на платото кај Офицерски и награда за ракометарите

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер со освојувањето на шампионската титула повторно ја потврди Битола како горд и препознатлив спортски град. Третата титула по ред пристигнува вечерва, по големата победа над ривалот Вардар на гостински терен.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитки до шампионите и ги повика сите битолчани, посебно верните навивачи Чкембари, на голема прослава. Настанот ќе се одржи утревечер, на 8 јуни 2025 година, од 20:00 часот, на Платото пред Офицерскиот дом.

Градоначалникот Коњановски најави дека на следната седница на Советот на Општина Битола ќе предложи награда од 3 милиони денари за клубот, како признание за постигнатиот успех и за промоцијата на градот на национално и меѓународно ниво.

Општина Битола упатува искрени честитки до РК Еурофарм Пелистер и изразува длабока благодарност до нашата ракометна гордост!

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »