Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со оригинална порака ја прослави својата толку очекувана „стотка“ (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ROLEXMCMASTERS

Новак Ѓоковиќ освои историска титула на Олимписките игри во Париз и оттогаш ја чека толку посакуваната 100-та титула во својата кариера, а колку и да звучи неверојатно, на Србинот му требаше речиси цела година за да стигне до „стотката“.

Иако беше во доста лоша форма во изминатите два месеци, Ноле заигра далеку подобро на турнирот во Женева, па покрај тоа што го искористи истиот за добра подоготовка за Ролан Гарос, испадна дека истиот му донесе и среќа околу целта која ја бркаше од месец август.

Во големото финале, Ѓоковиќ правеше пресврт против Хуберт Хуркач и стигна до убав јубилеј во земјата на својот голем ривал Рожер Федерер, па јасно е дека набрзо ќе го нападне и неговото достигнување.

Швајцарецот има освоено 103 титули во кариерата како втор на вечната листа, додека Џими Конорс е на првото место со 109.

Ѓоковиќ денеска ја достигна границата 100, а откако го направи тоа, испрати оригинална порака до сите свои следбеници на социјалните мрежи.

Ноле го искористи бројот 100 за да го потенција својот познат слоган, па зборот „Идемо“ доби оригинална импровизација од Србинот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни