• Зоран Мишевски
Како што се очекуваше, Оскар Пјастри на Мекларен победи на трката за Големата награда на Каталуња во Формула 1.
На подиумот му се придружи и неговиот клупски другар Ландо Норис, што значеше двојна победа за портокаловиот тим. На третото место заврши Шарл Леклер во Ферари, кој конечно донесе бодови за италијанскиот тим. Тој на само пет круга пред крајот стигна до подиумот, откако го помина Макс Верстапен по хаосот на асфалтот.
По педесет здодевни кругови, во кои немавме речиси ништо да видиме, во финишот следеше драма и хаос, кој што најмногу го плати актуелниот шампион. Бодови освоија уште Нико Хулкенберг, Луис Хамилтон, Хаџар, Гасли и Фернандо Алонсо.
Пјастри е водечки во шампионатот во 161, пред Норис со 158 и Верстапен со 136 бода. Следната трка е Големата награда на Канада која ќе се одржи на 15 јуни.