06 Август, 2025
0.0339

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА „ВО ПЛАФОН“: Достигнаа највисоко ниво во последните 5 месеци

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2025 11:38

Добивај вести на Viber

На глобалните пазари, цените на нафтата пораснаа за повеќе од 2,5 проценти минатата недела и продолжија да растат денес, бидејќи трговците стравуваат од прекини во снабдувањето на Блискиот Исток откако САД ги бомбардираа нуклеарните постројки на Иран во саботата.

Цената на барел на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 3,6 проценти на 77,01 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 2,7 проценти на 73,84 долари.

Во понеделник наутро, цените дополнително се зголемија за повеќе од 2 проценти, достигнувајќи го највисокото ниво за пет месеци. Тоа е последица на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, откако САД се вклучија во војната меѓу Израел и Иран.

Во саботата, американските воени авиони бомбардираа три нуклеарни постројки во Иран, што треба да го спречи Техеран да развива нуклеарно оружје.

Иран одговори со испукување повеќе ракети кон цели во Израел, што се заканува дополнително да го ескалира конфликтот на Блискиот Исток.

Трговците се плашат за Ормутскиот теснец

Трговците стравуваат за пратките на нафта преку Ормутскиот теснец, низ кој дневно минуваат 18 милиони барели нафта, кондензат и гориво.

Вашингтон ја повика Кина да го спречи Иран да го затвори теснецот, низ кој минуваат околу 20 проценти од светската нафта.

„Во сценарио каде што Иран селективно го прекинува преминот Хормуз, цената на барел нафта би можела да се искачи над 100 долари“, рече Вивек Дар, аналитичар во Комонвелт банката на Австралија.

Во изминатите десет дена, во кои продолжија ракетните напади меѓу Израел и Иран, цената на барел нафта на лондонскиот пазар се зголеми за повеќе од 13 проценти, а на американскиот пазар за повеќе од 10 проценти.

(CNBC)

Можеби ќе ве интересира

Во кој европски град кириите за пет години поскапеа за само 3 отсто?

Во кој европски град кириите за пет години поскапеа за само 3 отсто?

Цените на становите „експлодираа“ во Црна Гора: Растот е речиси шестпати побрз отколку во ЕУ

Цените на становите „експлодираа“ во Црна Гора: Растот е речиси шестпати побрз отколку во ЕУ

НОВ РЕКОРД: Само од продажба на сувенири заработија над милијарда долари

НОВ РЕКОРД: Само од продажба на сувенири заработија над милијарда долари

Откриено e огромно наоѓалиште на нафта и гас

Откриено e огромно наоѓалиште на нафта и гас

ПОСКАПЕЛЕ ХРАНАТА И АЛКОХОЛНИТЕ ПИЈАЛАЦИ: Одењето по ресторани станува скапо задоволство

ПОСКАПЕЛЕ ХРАНАТА И АЛКОХОЛНИТЕ ПИЈАЛАЦИ: Одењето по ресторани станува скапо задоволство

СДСМ: Голем пад на бројот на вработени лица

СДСМ: Голем пад на бројот на вработени лица

Царинска управа: Разоткриена мрежа на шверц на цигари, против пет сторители поднесена кривична пријава

Царинска управа: Разоткриена мрежа на шверц на цигари, против пет сторители поднесена кривична пријава

МПЦ-ОА основаше уште една фирма за трговија со струја

МПЦ-ОА основаше уште една фирма за трговија со струја

Државата ќе наплаќа дополнителен данок од Стопанска Банка и од НЛБ Банка

Државата ќе наплаќа дополнителен данок од Стопанска Банка и од НЛБ Банка