
Во петокот (13.06.2025) околу 12.20 часот во СВР Охрид пријавено е дека на планински пат од селото Ливоишта кон селото Требеништа, охридско, дошло до самоповредување во кое 50-годишниот австриски државјанин А.Х. управувајќи моторцикл „КТМ“ изгубил контрола над моторот и паднал на земјениот пат.
Педесети ичетиригодишниот В.Д.М., исто така, австриски државјанин управувајќи моторцикл марка „Хонда“ во обид да избегне судир со паднатиот моторциклист, закочил и излетал од планинскиот пат.
Во несреќата В.Д.М се здобил со тешки телесни повреди, а А.Х. со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, информира МВР.
За настанот е известен надлежен јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Охрид.