Лукот е една од најздравите намирници чии чудесни ле ковити својства се неверојатни за општото здравје на организмот.
Луѓето уште многу одамна го користеле за леку вање на бројни здравствени тегоби.
Содржи околу 400 активни состојки, а богат е со витамини и минерали како што се аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамин Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, етерични масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор.
Но, и покрај сите овие ле ковити својства, сепак постојат 5 типа на луѓе кои не смеат да го консумираат.
Пациенти пред опер ација – Доколку се подготвувате во скоро време да се подложите на хируршки зафат, се препорачува да не консумирате лук најмалку две седмици претходно, за да не дојде до продолжено кр вавење.
Лица со низок притисок – Оваа чудесна намирница го намалува крвниот притисок, па ако патите од низок притисок, може себеси да си нанесете повеќе штета отколку корист со негова консумација.
Луѓе кои имаат проблем со црниот дроб – Иако лукот има антиба ктериско и антив ирусно дејство и може да ги елиминира бакте риите и вир усите, не треба да се користи во спречување на вир усот хепа титис.
Имено, некои соединенија кои се содржат во лукот може да предизвикаат стимулации во желудникот и цревата, што може да ја инхибира секрецијата на дигестивниот сок во дигестивниот тракт. На тој начин влијае врз варењето на храната и влошува многу симптоми на хепат итисот, како што е мачн ината.
Покрај тоа, некои од неговите компоненти ги намалуваат црвените крвни зрнца и хемоглобинот, што значи дека претераната употреба на лукот може да доведе до ане мија.
Лица кои болед уваат од очни бо лести – Пациентите кои боледу ваат од очни бо лести, особено оние со лошо здравје, исто така треба да го одбегнуваат лукот.
Традиционалната кинеска медицина промовира дека редовното консумирање на лукот во големи количини, во подолг временски период може да ги оштети очите и црниот дроб, но исто така и да предизвика губиток на памтењето, зуење во ушите и други здравствени проблеми.
Луѓе кои ги ма чи дијареа – Пациентите кои патат од дијареа треба да го одбегнуваат сировиот лук, бидејќи неговиот состав може да ги стимулира цревата и да доведе до хронично воспаление и влошување на едемот.