Утрински Весник
Свет

Четири лица загинале, а 14 повредени во пожар во станбена зграда во Франција

Screenshot 2025 06 06 113609.png

Четири лица, меѓу кои и едно дете, загинале ноќеска во пожар што избувнал во станбена зграда во градот Ремс, во источна Франција, јавија локалните власти. Едно дете сè уште се води како исчезнато.

Пожарот почнал околу 00:30 часот по локално време на четвртиот кат од зградата, а потоа брзо се проширил по фасадата на горните катови. Станбената зграда има 11 ката.


Повредени се вкупно 14 лица, од кои две се во тешка здравствена состојба. Меѓу повредените има и деца. Околу 40 станари биле евакуирани уште на почетокот на огнената стихија.

Властите почнаа истрага за причините за пожарот.

Сведок, жител на соседна зграда, изјавил дека прво слушнал експлозија, по што видел како пламени јазици го обвиваат целиот блок, при што се слушале и крици од внатре.

Можете да прочитате

Раџави: Иранскиот народ треба да го собори системот на врховниот лидер Али Хамнеи

Иранска ТВ: Трамп го молеше Техеран за примирје

Генерал Замир: Ќе удриме со сила кон Иран откако сериозно го прекрши примирјето, Техеран негира лансирање ракета