1013 hPa
76 %

11 °C
Скопје - Саб, 17.05.2025 07:59
Државната комисија за спречување на корупција во овој состав беше еден од ужасно ретките примери на професионализам, интегритет и доследност.
Здружениот напор на политичките партии да уништат сѐ што вреди, а притоа беспоговорно да се согласат за сѐ што го подрива системот ви го покажува нивниот однос кон вас.
Заедно се за да донесат скандалозни измени на КЗ, за да си покачат плати, за да поткупат медиуми, за да напаѓаат луѓе и организации со капацитет и принципи.
Вие што се членови, навистина мислите дека има разлика? Дека сте поштедени?
Вас партиите ве третираат демек подобро?
Мислите дека вие не трпите што една саглам институција нема?
Што не можете детето во градинка да си го запишете без врски, или документ да извадите, или да доктор да отидете без да се помолите на Господ?
Што немате вода за пиење и воздух за дишење?
Што земјата (буквално) ни ја купија белосветски бараби за кои Субрата Рој е мало дете…
Вас ова не ве допира оти партијата е тука за вас?
Одбивам да прифатам дека е можно некој да биде толку глупав.
Купен - можеби.
Стрип кадри: Fran Hopper