Израел нападна воени бази во централна Сирија

22. 03. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел нападна воени бази во централна Сирија

Израелските одбранбени сили (ИДФ) на Телеграм објавија дека нападнале објекти во воздухопловната база Палмира, како и во воздухопловната база Тијас, која е лоцирана помеѓу Хомс и Палмира во Сирија. Израел тврди дека двете бази биле поврзани со поранешниот режим на долгогодишниот сисриски владетел Башар ал Асад, јави ДПА.

- ИДФ ќе продолжи да дејствува со цел да се отстрани каква било закана за граѓаните на Израел, соопшти изралекста војска.

Израел значително ги зголеми своите воени активности на сириска територија по падот на Ал Асад во декември.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата