Македонија
Вардар не погреши во Кавадарци и закажа финална битка за титулата во сабота

Вардар си ја одработи својата задача во претпоследното коло во Суперлигашка конкуренција и лесно го освои жешкиот терен во Кавадарци, па со тоа автоматски потврди дека битката за трофејот ќе се води во последната рунда.
Новиот шампион во Куп конкуренција победи на гостувањето со 22:32 и ја продолжи славеничката атмосфера од минатиот викенд, со која ќе влезе и во завршната пресметка со Еурофарм Пелистер следнава сабота.
Запишаната победа денеска значи дека Вардар ќе влезе со подобри калкулации на завршниот натпревар против актуелниот бранител на титулата, бидејќи на „црвено-црните“ ќе им одговара и реми за освојување на титулата.
Што се однесува до денешниот меч, Вардар диктираше и доминираше од почеток до самиот крај, што јасно става до знаење дека избраниците на Милано се максимално насочени кон мисијата наречена „двојна круна“.
Родригез со девет погодоци беше најефикасен ракометар во редовите на Вардар, Петриќ постигна три помалку, додека кај Тиквеш се исткана Атанасовски со шест гола.
-
Шпанија22 часа
Матеус: Тер Штеген мора да ја напушти Барселона ако сака да игра на СП
-
Шпанија6 часа
Четвртото летно засилување носи дилема за Чаби: Еден играч мора да си замине
-
Италија20 часа
Де Брујне го одбележа официјалниот старт во новиот клуб: Прв ден на училиште (Фото)
-
Англија23 часа
Ливерпул одбил нова атрактивна сума за Диаз од голем европски ривал
-
Италија22 часа
Милан сака да го замени Тео со фудбалер на Реал Мадрид
-
Англија24 часа
Бројка за историја: Сити го продолжи договорот со „Пума“ за рекордна сума
-
Шпанија20 часа
Атлетико Мадрид договори аргентински репрезентативец
-
Италија23 часа
Јувентус се засили со нов технички директор во тимот на Комоли