21 Јуни, 2025
0.0371

АХВ воведе засилени мерки на надзор по појава на ново жариште на болеста чума кај овци и кози во соседна Албанија

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2025 14:21

Добивај вести на Viber

АХВ воведе засилени мерки на надзор по појава на ново жариште на болеста чума кај овци и кози во соседна Албанија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари, особено во регионот на Западна Македонија, со цел спречување на внесувањеи ширење на болеста од соседна Албанија во земјава. Засилена е контролата на движењето и транспортот на животни од видовите овци и кози по добиеното известување вчера вечер преку европскиот систем за пријава на болести (ADIS) на Светската организација за здравствена заштита на животните - WOAH,  дека во Република Албанија во областа Дебар, во место Кастриот, на фарма со 200 кози има појава на ново жариште на болеста, по пријавата на првиот случај неодамна во областа Скадар.

АХВ донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали преживари, млеко и производи од млеко од домашни и диви мали преживари, како и нуспроизводи од домашни и диви мали преживари во Република Северна Македонија од РепубликаАлбанија, со цел спречување на можноста за ширење на болеста.

Со оглед на новонастаната состојба, а заради намалување на ризикот од појава и проширување на болеста, АХВ ги извести ветеринарните друштва и официјалните ветеринари за спроведување на засилен надзор на  одгледувалиштата со овци и кози и пријавување на секој сомнителен  случај на болеста. На сила останува Решението за безбедносни мерки во однос на болеста чума кај мали преживари кое Агенцијата за храна и ветеринарство го донесе на 09.08.2024 година.

Агенцијата за храна и ветеринарство го извести Министерството за внатрешни работи за новонастанатата ситуација со појава на болеста во пограничниот регион со Македонија за преземање на засилени мерки за надзор и спречување на евентуален шверц со живи животни од видовите овци и кози од Албанија во нашата земја.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ OБЈАВИ 19 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

СДСМ OБЈАВИ 19 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

ГРЧКИ МЕДИУМ: Двајца капачи се удавија во морето, жена од Македонија и српски државјанин

ГРЧКИ МЕДИУМ: Двајца капачи се удавија во морето, жена од Македонија и српски државјанин

НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА: Maкедонка пријавила дека партнерот ја тепал

НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА: Maкедонка пријавила дека партнерот ја тепал

ДОБИЈА 30 ДЕНА ПРИТВОР: Нино Васев и Нехат Нухи одат во Шутка поради случајот Онкологија

ДОБИЈА 30 ДЕНА ПРИТВОР: Нино Васев и Нехат Нухи одат во Шутка поради случајот Онкологија

ИМАЛО ДИСЦИПЛИНСКИ ПРЕКРШУВАЊА: Предложено е разрешување на обвинителот Мустафа Хајрулахи и казна за Јован Цветановски

ИМАЛО ДИСЦИПЛИНСКИ ПРЕКРШУВАЊА: Предложено е разрешување на обвинителот Мустафа Хајрулахи и казна за Јован Цветановски

МЕРКО Е ВИНОВЕН И ТРЕБА ДА ПЛАТИ 10 ИЛЈАДИ ЕВРА: Струшкиот суд донесе пресуда за градоначалникот на Струга

МЕРКО Е ВИНОВЕН И ТРЕБА ДА ПЛАТИ 10 ИЛЈАДИ ЕВРА: Струшкиот суд донесе пресуда за градоначалникот на Струга

Уапсено уште едно лице, го криел пиштолот на Палчо со кој се егзекутирани Вања и Панче

Уапсено уште едно лице, го криел пиштолот на Палчо со кој се егзекутирани Вања и Панче

Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче, целта е да се сее страв пред избори

Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче, целта е да се сее страв пред избори

„ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ПАЛЧО“: Адвокатот на Палевски, Јовица Страшески вели ОЈО не доставило доказ за да се докаже вината кај него, бара ослободување

„ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ПАЛЧО“: Адвокатот на Палевски, Јовица Страшески вели ОЈО не доставило доказ за да се докаже вината кај него, бара ослободување