Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов на социјалните мрежи се збогуваше со полската Јагелонија во која одигра одлична сезона како позајмен фудбалер.
Дарко Чурлинов се уште е фудбалер на англискиот Барнли, а во полскиот тим стигна на почетокот на оваа сезона како позајмен фудбалер.
Чурлинов имаше одлична сезона во која со тимот стигна до најголемиот успех во историјата, четвртфинале во Конференциската лига, а се радуваше и на трофејот во полскиот Суперкуп.
„Tи благодарам Јагелонија за сезоната“, напиша Чурлинов на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА