Мегафон 80-години од кодификацијата на македонскиот јазик

Промоција на документарниот филм „Аз, Буки, Веди – развој на македонскиот јазик“

Промоција на документарниот филм „Аз, Буки, Веди – развој на македонскиот јазик“

Документарниот филм „Аз, Буки, Веди – развој на македонскиот јазик“ ќе биде промовиран денеска во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик.
– Првпат, една млада генерација средношколци со својата нова визија ги следи клучните моменти, личности и предизвици кои го обликуваа јазикот што денес го зборуваме и го читаме, почнувајќи од неговите корени. Со нетрпение ве очекуваме за да ја споделиме оваа креативна искра посветена на македонскиот јазик! – наведува ПСУ „Јахја Кемал“ од Тетово во поканата за промоцијата што ја организира во соработка со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

To top