Поврзете се со нас

Македонија

Митев ја санира тешката повреда со оперативен зафат, следи пауза од шест месеци (Фото)

Објавено

на

Марко Митев заработи тешка повреда на коленото на првиот натпревар кој го одигравме со Словенија во квалификациите за Европско првенство, а еден месец подоцна, еден од најдобрите македонски репрезентативци подлегна на оперативен зафат.

Фантастичниот бек ги оштети лигаментите на коленото и беше принуден да оди „под нож“, па сега пристигна информација дека Митев имал успешна операција.

Македонскиот репрезентативец ќе ја има првата поголема пауза во професионалната кариера и предвидувањата се дека ќе паузира околу шест месеци, што значи дека би се вратил на терените во почетната фаза на следната натпреварувачка сезона.

Пред Митев сега следи период на долга рехабилитација и работа за враќање на мускулната маса, нешто што дефинитивно бара голема упорност и желба која сигурни сме дека нема да изостанат.

За жал, тешката повреда на Митев приситгна во клучен дел од актуелната сезона, па Алкалоид и тоа како го почувствува неговото отсуство на одиграните натпревари во плејофот против Вардар и Еурофарм Пелистер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни