Денеска во Загреб беше потпишан Меморандум за разбирање со хрватското Министерство за внатрешни работи – Полициска академија, за зајакнување на соработката во областа на образованието и заедничките обуки.
Во име на македонското Министерство за внатрешни работи, меморандумот го потпиша помошник на министерот на Центар за обука, Влатко Митковски, кој ја предводи македонската делегација овие два дена во Загреб, Република Хрватска.
Соработката предвидена со меморандумот ќе придонесе за поуспешно спроведување на заеднички полициски обуки и секако поддршка на Министерството за внатрешни работи и Центарот за обука при отпочнувањето со настава во Средното полициско училиште.
„Се потврди дека хрватскиот модел на средно полициско образование е најсоодветен за македонски услови и ќе биде соодветно применлив во пракса“, истакна помошникот министер Митковски за време на билатералната средба со неговиот хрватски колега Јосип Ќелиќ во хрватската Полициска академија “Прв хрватски полицаец”.