Барселона добива „чудо од дете“ за само два милиони евра

Барселона е во завршна фаза од преговорите за ангажман на шведското „чудо од дете“, Руни Бардгџи кој го сврте вниманието кон себе со одличните партии за данскиот тим Копенхаген.

Според доброупатниот Фабрицио Романо договорот е веќе постигнат и 19-годишникот ќе се пресели во шпанскиот тим во трансфер вреден два милиони евра и дополнителен милион евра кој ќе биде доделен преку бонуси.

За репрезентативецот на Шведска до 21 година постоеше голем интерес од страна најголемите европски клубови, но пресуди неговата желба да се пресели во Барселона.

Се вчитува...