Connect with us

Фудбал

Го откажа одморот со семејството за да потпише со Манчестер Сити!

Манчестер Сити речиси го обезбеди своето прво големо засилување за следното лето, во играчот од Милано, Тиџани Рејндерс, кој веќе се збогува со Сан Сиро.  Рајндерс (26) беше прогласен за најдобар играч од средниот ред во Серија А пред три дена и ја доби престижната награда иако неговиот тим Милан ја доживеа најлошата сезона во поновата историја и не успеа да се квалификува за европските натпреварувања.

Ова ги принуди челниците на клубот да ги продадат своите најдобри играчи, а првиот што си заминува е најдобриот играч од изминатата сезона – Тиџани Рејндерс, кој беше на висина на задачата од првото до последното коло и ја заврши својата работа на најдобар начин, за разлика од остатокот од тимот.

Роб Досон од ESPN откри дека преговорите се во завршна фаза и дека Сити го сака пред почетокот на Светското клупско првенство, кое започнува кон средината на јуни. Ова значи дека Рејндерс треба да потпише договор со „Граѓаните“ во наредните денови. Потврда за трансферот е пишувањето на италијанските медиуми дека Рејндерс ги откажал претходно договорените одмори во Италија со своето семејство бидејќи се подготвува да се пресели во Манчестер Сити и нема да има слободно време бидејќи клубот игра на Светското клупско првенство.