• Горан Упале
Младиот и надежен македонски тенисер Алексеј Стојановски обезбеди учество во на квалификациите за јуниорскиот Дејвис Куп за тенисери до 14 години, кој оваа недела се одржува во Газиантеп, Турција. Алексеј е дел од македонската репрезентација и ќе ја има таа чест да ги брани боите на нашата држава, на престижно меѓународно натпреварување.
„Со голема гордост го споделуваме учеството на нашиот млад и талентиран тенисер Алексеј Стојановски на квалификациите за јуниорскиот Davis Cup до 14 години, кој оваа недела се одржува во Газиантеп, Турција. Алексеј е дел од македонската репрезентација и има чест да ги брани боите на нашата земја, како и на нашиот клуб, на ова престижно меѓународно натпреварување.
Ова е огромно искуство за него како млад спортист, но и големо признание за неговата посветеност, труд и резултати на теренот. Убедени сме дека ќе даде сѐ од себе и достоинствено ќе нѐ претстави! Му посакуваме многу среќа и силна борба на секој меч“, стои во објавата на ТК Тумба.
Инаку, Стојановски на овој турнир замина по одличните настапи на отвореното првенство кое пред неколку дена се одржа во Куманово и на кое го освои првото место во категоријата до 16 години.