Орбан: Влезот на Украина во ЕУ е смртоносен удар за Унгарија

Од:

Ако Украина стане членка на Европската Унија, тоа ќе значи помали средства од ЕУ за Унгарија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан рече дека прашањето за членството на Украина во Европската Унија може да ја реши иднината на Унгарија во следните 15-20 години, пренесува МТИ.

„Има одлука, дури би можел да кажам наредба од Брисел, која не ја ни кријат, со оглед на тоа што претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, веќе најави во Европскиот парламент дека Украина мора да стане членка на ЕУ до 2030 година, што е помалку од пет години“, рече Орбан.

Според него, ова би бил „смртен удар“ за земјоделскиот сектор и средствата на ЕУ наменети за Унгарија.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Киев подготвува детални информации за разговорите со претставникот на Трамп

Зеленски го заменува украинскиот премиер – Владата ќе ја предводи жена

„Аксиос“: Путин го предупреди Трамп дека планира нов напад во Украина

Греам: Рекордна количина оружје ќе и биде доставена на Украина

Шекеринска: НАТО нема да се двоуми во обезбедувањето помош за Украинa

Горан Наумовски

Трамп: Испраќаме ракети „Патриот“ во Украина