• Иван Димовски
Ред Бул по само две трки во сезоната во Формула 1 реши да направи промена. На местото на Лиам Лосон во болидот на тимот ќе дојде Јуки Џунода кој досега возеше за Рејсинг Булс и трпеливо чекаше шанса.
Еден од главните советници во Ред Бул и човек со големо влијание Хелмут Марко ја призна грешката. Иако првично сите беа скептични да му дадат шанса на Цунода, сега дојде и времето на Јапонецот.
„Учинокот на Лосон за жал не беше доволно добар и тоа доаѓа од недостиг на самодоверба. Тој не е исфрлен од Формула 1 и Рејсинг Булс ќе му дадат шанса да се опорави и да направи рестарт.
Цунода направи голем чекор. Чудно е што после толку години има повеќе самодоверба од останатите и имаше две многу добри трки. Сега ќе имаме двајца конкурентни возачи за шампионатот на конструкторите, но и да го поддржиме Макс во неговите стратегии кои го фаворизираат како прв возач.
Интересно е дека Цунода ќе дебитира во болидот на Ред Бул на домашната трка на „Сузука“ следниот викенд.