
Рускиот претседател Владимир Путин прогласи едностран велигденски прекин на огнот во Украина, наредувајќи им на своите сили да ги прекинат сите непријателства од 18 часот. Московско време во сабота до крајот на неделата.
„Врз основа на хуманитарни причини…руската страна објавува Велигденски прекин на огнот. Наредувам прекин на сите воени активности во овој период“, му рекол Путин на својот началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов на состанокот во Кремљ.
„Претпоставуваме дека Украина ќе го следи нашиот пример. Во исто време, нашите војници мора да бидат подготвени да ги одбијат можните прекршувања и провокации на непријателскиот прекин на огнот, како и какви било агресивни дејства“, додаде Путин.
Рапортот на Герамсимов кој беше пренесуван на некои канали, Путин посочи дека Русија претпоставува дека украинската страна ќе го следи нејзиниот пример и ќе ги прекине непријателствата.
Меѓутоа, руски челник напомна дека вооружените сили мора да бидат подготвени да ги одбијат можните прекршувања и провокации од непријателот.
Путин рече и дека напредокот на примирјето ќе покаже колку Украина сака решение, пофалувајќи ја желбата на САД да стават крај на конфликтот.
Исто така, на разговорот во Кремљ беше посочено дека украинските вооружени сили повеќе од 100 пати го прекршиле мораториумот за напади врз енергетски објект, договорен со САД на резговорите во Саудска Арабија кој истече во петокот.
Русија вчера објави дека истекла наредбата на Путин од 18 март за едномесечен прекин на нападите врз украинската енергетска инфраструктура.
„Месецот (на мораториумот) истече. Засега нема други инструкции од врховниот командант, претседателот (Владимир) Путин’, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во својот дневен брифинг за медиумите во Москва.
Москва, сепак, го поздрави делумниот прекин на огнот како „извесен напредок“ на патот кон решавање на конфликтот во Украина.