ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.12.2023
Дронови од Британија ќе „ловат“ организиран криминал и корупција во Македонија
Автор: Goce Author

Секторот за контрола и истраги и Секторот за посебни истражни мерки во Македонија добиваат дронови за да се борат со шверцот и организираниот криминал. Дроновите се донација од Обединетото Кралство, со коишто ќе ракува специјален тим кој поминал обуки организирани од страна на експерти од Обединетото Кралство. Ова е од големо значење за зголемување на ефикасноста на институцијата, превентивно делување, како и обезбедување докази и зајакнување на истрагите што ќе води кон сузбивање на организираниот криминал.

Фото: Царинска управа

Поголемата видливост од воздух е многу важна во делот на справување со предизвиците со коишто се соочуваат царинските инспектори при откривање и спречување на нелегални активности. Методите за криумчарење постојано се усовршуваат, што соодветно бара зголемување на ефикасноста на двата клучни сектори за сузбивање на организираниот криминал и корупцијата“, рече Стефан Богоев директор на Царинска Управа.

Беспилотните летала овозможуваат поголема видливост како во текот на денот така и во текот на ноќта, како и фотографирање од далечина со висока резолуција. Ова е од голема корист при вршење на специјалните задачи поврзани со откривање организиран криминал и корупција.

Воедно користењето дронови овозможува покривање на поголеми области побрзо и поефикасно за разлика од традиционалните методи, што овозможува потенцијалните закани да се детектираат со голема брзина.

Помалку дипломирани студенти во 2024 година: Што покажуваат бројките?
30 училишта под клуч за пет години, образованието „изгубило“ 5.431 основец