ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ и коалицијата поднесоа измени на шест закони за да се спречи згоемувањето на платите на функционерите

February 27, 2024 14:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката група на СДСМ и коалиција поднесоа измени на шест закони, со кои, како што велат, ќе се спречи зголемувањето на платите на функционерите. Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски на денешната прес-конференција соопшти дека со овие законски измени ќе бидат опфатени околу 1.060 именувани и избрани лица.

-Пратениците на СДСМ и Коалицијата поднесоа измени на шест закони – Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, Законот за пратениците, Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, Законот за платите на судиите, Законот за платите на јавните обвинители и Законот за платите на членовите на Судски совет, сите по скратена постапка. Бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, ова е единственото уставно решение. Потенцирам пратеници, министри, градоначалници, директори, судии, обвинители, сите избрани и именувани лица или околу 1.060 лица се опфатени со овие законски измени. За нив нема да има зголемување на платите, рече Костовски.

Додаде дека коефициентите на платите на избраните и именуваните функционери засега остануваат на исто ниво.

-Да, испишањето на коефициентите би останало на исто ниво. Моментално, со овие измени, остануваме на истите плати, меѓутоа во поглед на тоа да бидеме во согласност со одредбите на Уставот на државата и со сите закони. Во Законот за пратеници во членот 29 став 2 се менува и гласи: „коефициентите на платите на пратениците изнесуваат од 3,4 до 3,92, а биле од 3,5 до 4,1“. И неслучајно почнувам со пратениците, бидејќи не е фер секогаш ние како пратеници да сме на удар на јавноста,  а од друга страна станува збор за 120 пратеници, а зголемувањето на избрани и именувани функционери е 1.060. Направено е да не има драстично зголемување, бидејќи пред неколку дена Државниот завод за статистика излезе со проценки за просечната плата во државата и ова ќе значи енормно зголемување околу 15,3 проценти. Ние како одговорни политичари на СДСМ, нема да го дозволиме, истакна Костовски.

Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата очекуваат поддршка од сите пратеници во македонското Собрание.

-Сите да покажеме солидарност и да ги поддржиме овие законски измени, а парите наместо за поголеми плати на функционерите, да завршат кај граѓаните, рече пратеникот Костовски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Мартин Костовскиплати на функционериСДСМ

НАЈНОВО

Вучиќ пред утрешниот протест ги одби барањата на студентите: Не прифаќаме ултиматум

June 27, 2025

Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување

June 27, 2025

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Сиљановска-Давкова не е свесна за тежината на гафовите кои ги има направено вчера

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски не разбирал што е тоа „модерен“ македонски јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk