Актерот по 12-ти пат стана татко – Го прашале кога ќе престане, а одговорот ги оставил сите без зборови

ИЗВОРСкопје24
|

Актерот Ник Кенон ги собори сите рекорди кога се роди неговото 12-то дете на крајот на 2022 година. Само во текот на претходната година популарниот актер и водител имаше дури пет деца.

Кенон сега беше гостин во шоуто со Андерсон Купер и Енди Коен каде што зборуваше за неговите идни планови.

– Кој е твојот план? Кој е вашиот последен план за децата? Одите понатаму или има бројка? Дали сакате да стигнете до бројот 20? Каде одиш со ова? – го праша Коен.

– Јасно е дека немам план – одговорил актерот, на што водителот го прашал:

– Вазектомија? Дали тоа сакате да го правите?

– Моето тело, мој избор – едноставно рече актерот чија 2021 година ја одбележа трагедија поради загубата на детето.

Коен побарал од Кенон да ги советува татковците, а славниот актер рекол дека единствено важно е што прават се од љубов.