„Сабота ќе биде голем ден во Вашингтон“, кажа Трамп, не наведувајќи детали.
„Овие денови други земји ја славеа победата во Првата светска војна. Единствени кои не славеа беа Соединетите Американски Држави – а ние сме тие кои ја добија војната. Да не бевме ние, сите сега ќе зборуваа германски“, кажа Трамп.
Зборувајќи за силата на американската војска, Трамп кажа дека за непријателите на САД „не постои поголем страв од американската војска“.
„Ја имаме најголемата сила во светот, повеќе од кој било друг на Земјата“, порача тој. Додаде дека како претседател особена чест му е да им се заблагодари на сите кои служеле во војската.
Трамп најави дека ќе ги врати изворните имиња на американските воени бази кои во последните години се преименувани.
„Освоивме многу битки од тие бази и сега не е време за промени. И пред сè – суверен сум. Сакаме да ја зачуваме таа низа“, кажа Трамп.