Матеј Цветаноски стрелец во победата на Железничар, Аврамовски го „тресна“ лидерот

Макеоднскиот интернационалец Матеј Цветаноски, успеа да стрела за неговиот тим Железничар во дуелот и победата над Слобода со 3-2. Поранешниот играч на Македонија ЃП, Вардар и АП Брера, се запиша во листата на стрелците во 38. минута и тогаш го најави пресвртот на својот тим во дуелот со гостинот.

За Цветаноски ова беше четврти гол за Железничар во оваа сезона, а неговиот тим има само теоретски шанси да дојде до третото место на табелата, и да избори пласман во Евроап идната сезона.

Даниел Аврамовски продолжува со одличната форма во турската Втора лига, откако денеска постигна гол за неговиот Игдир против лидерот Кочаелиспор во победата од 4-0.

Аврамовски го постигна првиот гол за својот тим уште во 8. минута од средбата. Ова беше негов 13-ти гол за Игдир сезонава, и со тимот ќе се бори за пласман во „елитата“.

Поранешниот македонски репрезентативец Љупче Дориев, пак, не беше стрелец, но асистент за неговиот тим Согдиана во дуелот против Нефчи Фаргона. Сепак, тоа не беше доволно, затоа што Согдиана претрпе пораз од 2-1.

Се вчитува...