Канје Вест повторно го смени своето име – по вторпат во последните неколку години.
Имено, 48-годишниот музичар го смени своето име во Је Вест во 2021 година, по официјално барање до судот во Лос Анџелес. Според „Пејџ сикс“, тој сега го сменил своето име во Је Је, според правните документи поднесени до калифорнискиот суд од неговиот главен финансиски директор, Хусеин Лалани.
Оваа информација стана јавна кога неговите водечки компании ги доставија таканаречените „изјави за информации“ до државниот секретар на Калифорнија, кој е одговорен за ажурирање на клучните информации за бизнисите – како што се адреси, вработени, директори и активности.
Една од неговите главни компании, која поднесе стотици барања за трговски марки на име на Је, сега го нарекува во официјалните документи Је Је. И неговите други брендови, како што се модниот бренд „Јизи апарел“ и продуцентските компании „Кизи рекорд лејбл“ и „Гетинг оут дримс“, го направија истото.
Интересно е што Вест сè уште јавно не ја потврдил промената на името.
Порано овој месец, добитникот на 24 Греми награди објави на платформата Икс дека ќе престане да го користи својот профил на кој се наоѓа неговото родено име.