ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Штетна и полезна храна за мозокот

June 25, 2025 14:58
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Деменцијата е една од најпредизвикувачките болести на совремието, а бројот на заболени ширум светот е во пораст. Докторите предупредуваат дека, покрај правилната грижа за мозокот, којашто вклучува ментално-когнитивни вежби, физичка активност и здрава исхрана, важно е да се знае и која храна да се избегнува.

Научните истражувања покажуваат дека одредени видови храна може да ја зголемат опасноста од развој на деменција и да го забрзаат падот на работата на мозокот.

Преработено месо

Саламата, колбасите и други слични производи содржат високо ниво на натриум и транс-масти, коишто му штетат на кардиоваскуларниот систем. Истражувањето објавено во списанието „Неуролоџи“ (Neurology) покажува дека кај луѓето, кои консумираат повеќе од една четвртина од порцијата црвено месо дневно, има 13 отсто поголем ризик од развој на деменција.

Прекумерно преработена храна

Тука спаѓаат намирниците со додадени шеќери, конзерванси, вештачки бои и други хемиски додатоци. Според истражување објавено во списанието „JAMA Неуролоџи“, кај луѓето чиј дневен внес на калории е повеќе од 20 насто од овој вид храна, има 25 отсто побрз когнитивен пад.

Лута и зачинета храна

Луѓето кои јадат повеќе од 50 грама лути пиперки на ден, имаат речиси двојно поголема веројатност да ги изгубат умствените способности.

Алкохол

Друго истражување објавено во „JAMA“ посочува дека умерената консумација на алкохол, т.е. еден пијалак дневно, може да го намали ризикот од деменција за 21 насто. Сепак, кај оние кои пијат три или повеќе чаши алкохол на ден, има 8 отсто зголемена опасност.

Вештачки засладени пијалаци

Според истиот напис, и еден вештачки засладен напиток дневно е премногу во однос на евентуалниот развој на деменција.

Додадени шеќери

Прекумерниот внес на шеќер воопшто – е поврзан со инсулинска отпорност, што може негативно да влијае на работата на мозокот кај еден човек. А, луѓето кои пијат меѓу еден и седум засладени пијалаци неделно имаат значително поголем ризик од деменција.

Препорачана исхрана

За зачувување на здравјето на мозокот и за намалена опасност од деменција, лекарите препорачуваат исхрана богата со свежо овошје и зеленчук, цели зрнести плодови, мешунки, јаткасти плодови и семки, но и масна риба како што се лосос и скуша.

Нутриционистката Ерин Палински-Вејд нагласува дека храната богата со растителни влакна, здрави масти и антиоксиданси може да го заштити мозокот од оксидативен стрес и воспалителни процеси, коишто се главни фактори во развојот на деменција.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: мозокхранаштетна

НАЈНОВО

Опис на сликата: Новата месечина, темен  кратерен круг со тенок осветлен срп одоздола, лебди над закривениот хоризонт на Земјата за време на орбитално зајдисонце. Гледано од Меѓународната вселенска станица, атмосферата на Земјата свети во сина лента наспроти темната позадина на вселената. Photo: NASA

НАСА: Новата месечина изгледа невидлива од површината на Земјата, но од вселената открива поинаква убавина

July 24, 2025

Зеленски го одобри нацрт-законот за заштита на независноста на институциите за борба против корупцијата

July 24, 2025

Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам

July 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    (ВИДЕО)Се урна авионот што исчезна над Русија, се верува дека нема преживеани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа или Истокот? Конфронтација меѓу ДУИ и ВЛЕН за геополитичкиот курс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајланд започна воздушни напади врз камбоџански воени цели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk