24 Јули, 2025
0.0343

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

Објавено во: Економија 25 Април, 2025 17:45

Добивај вести на Viber

Се зголемуваат платите кај северниот сосед. Српските работници се приближуваат кон просечна заработка од скоро 900 евра. Просечната нето плата во Србија во февруари изнесувала 883 евра.

Просечната нето плата за февруари годинава била 103.519 динари (883 евра), а просечната бруто плата, вклучувајќи ги даноците и придонесите, изнесуваше 142.908 динари (1.219 евра). Податоците денеска ги објави српскиот Завод за статистика.

Растот на бруто и нето заработката во периодот јануари-февруари 2025 година, во споредба со истиот период лани изнесува 11,1 процент номинално или  6,2 проценти реално.

Во споредба со истиот месец лани, просечната бруто и нето заработка за февруари годинава е номинално поголема за 10 проценти, а во реалност за 5,3 проценти. 

Македонија пак има просечна плата околу 700 евра. Македонските плати се на дното во регионот. 

И во Хрватска има пораст на просечните плати. Просечните плати во Хрватска се 1.416 евра. 

foto freepik.com/EyeEm

Можеби ќе ве интересира

ПРОМЕНИ ВО МАКОИЛ: Бензинските ќе работат под брендот „Окта“

ПРОМЕНИ ВО МАКОИЛ: Бензинските ќе работат под брендот „Окта“

ДВЕ ИНСТИТУЦИИ СЕ УКИНУВААТ ЗА ДА НИКНЕ НОВА: со законски измени ќе се формира Агенција за иновации

ДВЕ ИНСТИТУЦИИ СЕ УКИНУВААТ ЗА ДА НИКНЕ НОВА: со законски измени ќе се формира Агенција за иновации

Гасната централа ТЕ-ТО ја тужи Владата за 26 милиони евра

Гасната централа ТЕ-ТО ја тужи Владата за 26 милиони евра

ИНТЕЛ ТОНЕ ШЕСТИ КВАРТАЛ ПО РЕД: Може ли новиот извршен директор да ја извлече компанијата од криза?

ИНТЕЛ ТОНЕ ШЕСТИ КВАРТАЛ ПО РЕД: Може ли новиот извршен директор да ја извлече компанијата од криза?

Франција e пред банкрот?

Франција e пред банкрот?

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА Е ЗА 11 ОТСТО ПОВИСОКА ОД ЛАНИ: Koлку заработуваат Македонците?

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА Е ЗА 11 ОТСТО ПОВИСОКА ОД ЛАНИ: Koлку заработуваат Македонците?

Четири работни дена – помалку стрес, повеќе здравје: Експериментот покажува зачудувачки резултати

Четири работни дена – помалку стрес, повеќе здравје: Експериментот покажува зачудувачки резултати

СЕМЕЈСТВО ПЕЦОВСКИ СИ КУПИ НОВИ АКЦИИ - се намалува уделот на Настел во сопственичката структура

СЕМЕЈСТВО ПЕЦОВСКИ СИ КУПИ НОВИ АКЦИИ - се намалува уделот на Настел во сопственичката структура

Со грчки цевки ќе се гради македонскиот дел од гасоводот Македонија-Грција

Со грчки цевки ќе се гради македонскиот дел од гасоводот Македонија-Грција