• Горан Упале

Кошаркарите на ТФТ Скопје немаа проблеми ниту во третото соочување со Чаир 2030 и со уште една сигурна победа обезбедија пласман меѓу најдобрите четири екипи во плеј-офот од Првата кошаркарска лига на Македонија.
Момците на Боро Смилковски, кои зад себе оставија најуспешен лигашки дел, одличната форма ја продолжија и во разигрувањето за титулата. Тоа на своја кожа по третпат ја почувствуваа чаирчани кои вечерва загубија со 64-70.
- Комплетниот натпревар меѓу Чаир 2030 и ТФТ Скопје:
Лидер во таборот на тимот од Тафталиџе беше Зафиров со 14 поени, а за поразениот тим најрасположен беше Морис со 14 поени.
- Комплетниот натпревар меѓу Кожув и Куманово:
Екипата на Кожув се избори за уште најмалку една четвртфинална средба против Куманово, откако по двете гостински порази, вечерва по продолженијата славеше со 90-86 (76-76) и намали на 2-1 во серијата.
Симиќ и Вилсон со по 24 поени беа предводници на гевгеличани во оваа победа, а за Куманово се истакнаа Луковиќ со 26 и Радукиќ со 25 поени.