10.06.2025 16:29
Вести Македонија Топ вести

Ќе се гради 7-катница на местото на некогашната сендвичарница „Кинг бургер“ во центарот на Скопје

Деновиве се урива некогашната сендвичарница „Кинг бургер“ на бул. Свети Климент Охридски во центарот на Скопје, а на нејзино место ќе се гради зграда на седум ката, објави „Сакам да кажам“.

Според информациите во текстот градилиштето е веќе оградено и поставена е табла на која стојат податоци за градбата. Градежната дозвола од Општина Центар е издадена на 14 ноември 2024 и според неа, ќе се гради станбена зграда на приземје, шест ката и поткровје.

Сендвичарницата „Кинг бургер“ пред дваесетина години беше меѓу најпопуларните места за брза храна во Скопје. Откако беше затворена, со години објектот стоеше празен и запуштен.

Пред неколку години во напуштениот објект изби пожар.

Од Општината велат дека градежната парцела е дел од Деталниот урбанистички план за градска четврт Ц 04, Дом на градежници, донесен на 28 јануари 2021, пишува интернет медиумот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски и Филипче со контраобвинувања за Кочани

Дејан Дејан

Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова в.д директорка на Кочанската општа болница

Дејан Дејан

Притвор за Нацев поради Пулс, бил ангажиран на Воената академија во средина на академската година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе