Порано се срамела, а денес е ѕвезда на ТикТок: Девојка висока скоро 190 сантиметри покажува колку е убаво да се биде поинаков (ВИДЕО)

Порано се срамела, а денес е ѕвезда на ТикТок: Девојка висока скоро 190 сантиметри покажува колку е убаво да се биде поинаков (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Поради својата висина била предмет за потсмев, а потоа еден ден сфатила дека е убава...

Мари Темара е 28-годишна девојка која има профил на ТикТок со 1,7 милиони следбеници.

Иако е преубава, оваа девојка цел живот се бори со лошата слика за себе и разнишаната самодоверба. Причината за тоа била нејзината натпросечна висина.


Со своите 188 сантиметри, таа цел живот се соочувала со лоши коментари и малтретирање. Како што пишува „Daily Mail“, ѝ зборувале дека високата жена не може да биде женствена, дека изгледа како маж во високи потпетици или дете е претешка за една девојка.

Но, потоа, врз основа на она што го сметала за своја маана и недостаток, отворила профил на ТикТок на кој на комичен начин прикажува со какви препреки и проблеми се соочуваат луѓето кои се натпросечно високи.

„Повеќето работи се направени за луѓе со просечна висина, така што секојдневните рбаоти можат да бидат малку попредизвикувачки за мене: како автомобили, авиони, тобогани, врати, тушеви, тоалети, кревети и други апарати за домаќинство“ - објасни Мари.

Денес, Мари ја прифаќа својата висина и се обидува да им покаже на милиони други девојки колку е убаво да се биде висока и поинаква девојка.

Мари исто така сака да ги смени тереотипите дека понискиот маж и повисоката жена не можат да бидат добра двојка или дека нејзината висина ја прави маженствена.

Во нејзините објави на ТикТок се појавуваат и другите членови на нејзиното семејство, кои се исто така високи. Нејзината мајка е висока 196 сантиметри, а нејзиниот татко 191. Има и двајца браќа, од кои едниот е висок 206 сантиметри, а другиот 208. Мари често се шегува дека тие се „највисокото семејство на ТикТок“, што впрочем ѝ го пишува и во описот на профилот.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира:


Кликнете 'Like' и станете наш пријател.
Почекајте 08 секунди.