Во Гевгелија вечер се отвора етнолошка изложба „Ризница на народни носии“
- Во Гевгелија вечер во Уметничката галерија „Амам“ ќе биде отворена етнолошка изложба „Ризница на народни носии“. Изложбата ја организираат НУ „Музеј-Гевгелија“ во соработка со Андреј Проданов.

Гевгелија, 5 мај 2025 (МИА) - Во Гевгелија вечер во Уметничката галерија „Амам“ ќе биде отворена етнолошка изложба „Ризница на народни носии“. Изложбата ја организираат НУ „Музеј-Гевгелија“ во соработка со Андреј Проданов.
Како што соопштија од Општината, изложбата е дел од програмата за манифестацијата „Гевгелија град на култура 2025 година“.
Поставката опфаќа изложување на седум народни носии, кои се колекција на Андреј Проданов, долгогодишен член на Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија. Ќе бидат изложени носија за зет и невеста од етничкиот предел „Бојмија“, село Миравци, носија за млада жена од етничкиот предел „Железник“, носија за млада жена од етничкиот предел „Азот“, од етничката група Мијаци,село Папрадиште, носија за жена од етничкиот предел „Струшко Поле“, носија за девојка од етничката група Мегленски Власи, од село Хума и невестинска носија од село Вевчани. рт/мд/
Фото: Општина Гевгелија