ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко Филипче на претстојните избори ќе ја добијат фактурата од граѓаните

Од:

СДС и Венко Филипче не бираат средства во нивниот лов на некој политички поен и зголемување на рејтингот, кој сега им е во рамките на статистичка грешка. А, тука се и шарените, да им помогнат и да им бидат логистика. Па така, немајќи програма, план и визија да понудат политики за доброто на граѓаните, СДС и Филипче се враќаат на нивната стара пракса, да си поигруваат со чувствата на граѓаните и да злоупотребуваат трагедии. По злоупотребата на трагичните настани кај Смилковско Езеро, Младенов, Нешковски и малата Тамара, сега СДС на Венко Филипче и шарените ја злоупотребуваат и последна трагедија која ја потресе цела држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ваквата злоупотреба на случајот во Кочани не е случајна, туку тоа претставува добро осмислен план за кој се договарале членови од најтесното партиско раководство. Според информациите кои стигнале до нас, СДС имале состанок на кој присуствувале повеќе членови од партиското раководство и токму на тој состанок договориле, Кочани да биде дел од кампањата во следниот период.

СДС донесе ваква одлука и покрај обидите на неколкумина да укажат дека ова е несовесно, дека не е чесно и морално да се тера кампања за оваа трагедија во која има починати 62 млади лица. И покрај сите укажувања раководството одлучило, Кочани да е главна тема во следниот период и во пресрет на локалните избори. Ова е доказ дека СДС е безчусвителна и безобзирна партија на која личниот интерес му е пред се и дека не знае за основни човечки вредности.

СДС се одлучува да тера политика и покрај тоа што за трагедијата во Кочани е направена најопсежна и сеопфатна истрага во историјата на Македонија, во која се опфатени голем дел на сегашни и поранешни функционери, полициски службеници, како и луѓе од деловниот и општествениот свет. Но, истиот овој СДС и така наречените шарени револуционери, молчеа и брзо ги заборавија модуларната болница во Тетово, Дурмо турс и на Беса транс за кои немаше одговорност за вистинските виновници. Правдата за Кочани се изведува и ќе биде задоволена во целост, без поштедување и заштита на никој кој е инволвиран. А, СДС и Венко Филипче на претстојните избори ќе ја добијат фактурата од граѓаните, со која ќе потонат во уште подлабока опозиција“, твдат од партијата

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон