Прашањето за студентскиот превоз е решено, ЈСП ДЕНЕСКА ГИ ДОБИВА ПАРИТЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ

3. 01. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прашањето околу студентскиот превоз е решено

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, соопшти дека денеска ќе бидат исплатени 120 милиони денари на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје за бесплатен превоз за студентите. Последен пат кога МОН исплати средства кон ЈСП е во 2021 година, а од тогаш до денес не била донесена одлука за субвенциониран превоз.

– Прашањето околу студентскиот превоз е решено. Денеска ќе бидат уплатени 120 милиони што е добра вест за сите студенти кои имаат потреба да полагаат во  јануарската испитна сесија – изјави министерката Јаневска.

Од 2022 година до денес Владата нема донесено одлука за вршење субвенциониран линиски превоз за студенти, а ЈСП самостојно решило да продолжи бесплатно да ги вози студентите. Последната исплата на Министерството за образование и наука кон ЈСП е направена во 2021 година, кога се исплатени два милиони евра.

Законот за високо образование вели дека Владата може, но и не мора да донесе одлука за посебни погодности за студентите, како што се студентска картичка за попусти, бесплатен градски превоз и друго, при што средствата се обезбедуваат од државниот Буџет.

Јавниот превоз во Скопје ќе продолжи да биде бесплатен за студентите и пензионерите, од утре ќе можат да се продолжат билетите

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата