АктуелноЛокално

Исмаил: Декларацијата за Палестина повторно блокирана во собраниската Комисија за надворешна политика

Пратеникот и потпретседател на партијата Левица, Реџеп Исмаил, денеска обвини за континуирана блокада на предложената декларација за Палестина, која според него со месеци е спречувана да се најде на дневен ред на Комисијата за надворешна политика.

Во својата објава на Фејсбук, Исмаил посочи дека декларацијата била поднесена уште пред шест месеци, но до денес не е разгледана. Тој директно ги обвини претседателот на Комисијата, Муса Џафери од ДУИ, и претседателот на Собранието, Африм Гаши, за „упорна блокада“, велејќи дека на тој начин „се кријат од преземање јавен став“ за прашањето на Палестина.

„Со ваквата злоупотреба на своите функции, тие се обидуваат да не ги загрозат своите лични лукративни интереси во служба на ционизмот“, напиша Исмаил за однесувањето на дел од раководството на Собранието.

Меѓу другото пратеникот од Левица го честиташе и Денот на победата над фашизмот, 9 Мај, потсетувајќи на улогата на македонскиот народ во борбата против наци-фашизмот како дел од југословенската и светската антифашистичка коалиција.

Исмаил повика на јасно и принципиелно политичко позиционирање во одбрана на правата на Палестинците и истакна дека молкот на институциите за ова прашање претставува морална и политичка капитулација.

Целаиот негов говор во продолжение: