• Мартин Танасковски
Новиот македонски репрезентативец Димитар Митровски игра одлично во дресот на Вараждин и тоа му донесе голема номинација за месец април.
Играчот од средниот ред е номиниран за две награди. Едната е играч на месецот, а другата е гол на месецот во најдобриот хрватски шампионат.
„Македонецот од редовите на Вараждин се најде на врвот на листата на стрелци и го престигна Шего. Тој постигна два убави гола против Локомотива и додаде еден во тесната победа против Славен Белупо во Копривница. Митровски го повлече тимот кога најмногу требаше и го одржа Вараждин во игра за четвртото место, кое е само на еден бод од нив“, велат од лигата.
Околу номинацијата за гол на месецот, се работи за слободниот удар на Митровски против Локомотива Загреб. Својот глас за Димитар Митровски можете да го дадете ОВДЕ.
ФОТО: NK Varaždin / Facebook