Објавено на:

Нигериецот Содик на пат кон Барса ќе поигра и за Работнички!

t

Работнички промовираше уште едно засилување за следната сезона, тоа е нигерискиот дефанзивец Рашид Содик кој во минатата сезона играше за Скопје, а најголемо внимание предизвика со изјава дека за две години се гледа во некој од најголемите европски гиганти.

Содик кој беше еден од најдобрите фудбалери на Скопје, во следната сезона ќе игра за Работнички, Нигериецот потпиша двегодишен договор со клубот од Дебар Маало и од утре се приклучува на подготовките.

Во март оваа година Содик ја откри својата амбиција за две години да заигра за Барселона.

„Верувам дека нешто големо ќе дојде за мене, а најважна е моментно посветеноста. За две години се гледам во некој гигант – Барселона, Челси, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Манчестер сити, Арсенал… Верувајте нема да престанам да работам додека не го остварам тоа. Тоа е мој сон и секојдневно напорно работам за да стигнам до највисоко ниво, а со помош на Бог – ќе успеам“, изјави тогаш нигерискиот фудбалер.

Две години не поминаа, можеби менаџерите на Барса допрва ќе го видат, а во меѓувреме Содик ќе треба да одигра и неколку партии за Работнички.

„Чест ми е што ќе го носам дресот на Работнички. Кога пристигна понудата, воопшто не се двоумев. Добро знам какво е педигрето на овој клуб во македонскиот фудбал. Се надевам дека ќе дадам придонес во остварување на целите на клубот во наредниот период“, изјави денеска Рашид Содик.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…