• Мартин Танасковски

Екипата на Арсими направи чекор напред кон историја во македонскиот фудбал, затоа што со победа во дербито над Брегалница Штип (2-1) застана на второто место на табелата во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) на три кола до крајот.
- Арсими - Брегалница 2-1:
Тимот од Чегране дома победи во директната пресметка со ривалот со головите на Ајрадин Цуцули и Албан Таипи и го искористи киксот на второпласираниот Башкими, кој одигра 1-1 против Скопје.
- Македонија ЃП - Борец 3-0:
Македонија ЃП си ја заврши рутински работата, затоа што убедливо го доби Борец (3-0) и сега е самостоен лидер на табелата во второлигашкото друштво, благодарение на Јован Попзлатанов, Кире Маркоски и Крсте Велкоски. Велешани така официјално се третолигаши заедно со Вардарски, кој исто така загуби од Новаци со 4-0. Стрелци за Новаци беа Мартин Андоновски, Бобан Здравевски, Стефан Јовановски и Стефан Трајчевски.
- Беласица - Детонит Плачковица 1-2:
Беласица на домашен терен загуби од Детонит Плачковица со 1-2. Три бода освои и Саса пред својата публика со Вардар Неготино (4-2) со головите на Андреј Симевски кој погоди двапати, како и Кристијан Таневски и Давид Голубов. За неготинци стрелаа Мартин Нејковски и Димитар Јанкулов.
- Саса - Вардар Неготино 4-2:
Без голови заврши дуелот Победа - Осогово. На табелата на три кола до крајот, Македонија ЃП е лидер со 60 бода, следи Арсими со 58 бода, пред Башкими со 57 бода. На дното, третолигаши се Вардарски и Борец, а Осогово оди во баражот за опстанок.