Основачот и креативен директор на Гранд, Саша Поповиќ беше погребан на Новите Бежанијски гробишта со песната „Свирци моји“ од Звонко Богдан. Саша Поповиќ соработувал со многумина и е одговорен за кариерите на некои од најпознатите изведувачи, но еден од оние што никогаш не се појавил на сцената на „Гранд“ е Звонко Богдан.
– Најмногу го сакам Звонко Богдан од сите пејачи. А замислете, иако ми е омилен изведувач, никогаш не стапнал во „Гранд“ – изјави Саша Поповиќ во емисијата „Балканска улица“.
Фото: Фејсбук/Zvonko Bogdan